МОСКВА ДОНЕСИ ОДЛУКА – РУСИЈА ПОДГОТВУВА НОВ ПОТЕГ ВО УКРАИНА: Тоа ќе го направи еднострано во 10 часот!
Русија секој нареден ден еднострано ќе отвора хуманитарни коридори во областа на специјалната воена операција во Украина, изјави шефот на рускиот Национален одбранбен центар Михаил Мицинзев.
– Официјално објавуваме дека хуманитарните коридори во правец на Русија ќе се отвораат еднострано без никакви договори од 10 часот секој ден – рече тој, пренесува ТАС С. Според Мизинцев безбедноста е загарантирана на териториите што ги контролираат руските војници.
– Бараме Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ОН тесно да соработуваат со украинските власти на терен со цел да го информираат населението за оваа руска иницијатива – рече Мизинцев.