„ДОКОЛКУ РУСИЈА ГО СОПРЕ СЕВЕРНИОТ ТЕК, ЕВРОПА ЌЕ ИМА КАТАКЛИЗАМ“ Цените ќе бидат НЕПОДНОСЛИВИ, се зависи од една работа
САД и ЕУ воведоа санкции за руската нафта, а Москва би можела, како одговор, да го прекине протокот на гас преку главниот европски гасовод „Северен тек 1“.
Во тој случај цената на црното злато би се искачила на повеќе од 300 долари за барел, вели рускиот вицепремиер за енергетика Александар Новак.
По најавата на САД и ЕУ дека ќе воведат санкции за руските енергетски извори поради војната во Украина, Новак изјави дека тоа нема да има корист никому.
Русија е подготвена на се
Тој потсети дека Европа добивала дури 40 отсто од своите гасни капацитети од Русија и дека Москва отсекогаш била сигурен енергетски партнер.
– И во оваа ситуација „Гаспром“ ги исполнува договорните обврски кон Европа, преку гасоводот „Северен тек 1“, кој минува низ Украина. Моментално работи со 100 отсто капацитет. Откако беше воведена забраната за работа на гасоводот „Северен тек 2“, Русија можеше да го прекине протокот на гас кон Европа. Сè уште имаме право да воведеме реципрочни мерки и да го затвориме главниот европски гасовод „Северен тек 1“ . Иако европските политичари не принудуваат на тоа со своите изјави и обвинувања, ние се уште не сме презеле таков чекор бидејќи ништо од тоа не би било од корист – посочи Новак.