Вучиќ: Спремајте се народе! Ако Путин го направи тоа што мислам дека ќе го направи, следува ужасна економска катастрофа
„За нас е важно да се анализираат случувањата. Дојде до страшни нарушувања кои влијаат и врз Србија. Џо Бајден забрани увоз на нафта. На американскиот пазар има 3,4 отсто руска нафта. Ја очекуваме одлуката на ЕУ“, кажа синоќа Вучиќ.
Српскиот претседател истакна дека некој морал да ја донесе одлуката за осуда на руската инвазија на Украина, а да не ги оштети граѓаните на Србија.
„Никогаш не сум украл ништо, немам ниедна сметка во странство и со мене не може да се разговара на тој начин. Имам и своја лична гордост, погледнете колку јас разговарам со светските државници, а колку другите. Не знам за што се залага опозицијата, освен дека Вучиќ е крив. Некој мораше да ја донесе одлуката за да не им наштети на граѓаните на Србија. Ние мораме да го почитуваме интегритетот на другите земји. Да не го осудевме упадот во Украина, ние никогаш повеќе немаше да имаме право да се повикаме на тој аргумент“, кажа тој.
Зборуваше и за ситуацијата на Косово и за најавените избори во Србија. „Не знам што ќе биде со изборите, а не пак со табличките. Ние цело време разговараме, но за никого не постои ништо освен конфликтот на Русија и Украина, поточно на Русија и Западот. Ние се интересираме за изборите и гледаме сето тоа да мине на мирен начин, но како ќе биде ни самиот не знам“, кажа Вучиќ.
Истакна дека е важно Србија сега да ги зачува мирот и стабилноста. „Тоа сега ни е поважно од сè, ќе се бориме и верувам дека ќе обезбедиме излегување на избори“, кажа.
Додаде дека од францускиот претседател Емануел Макрон побарал да каже „дека никој нема да влезе во ЕУ пред Србија“.
„Тој е секогаш фер и иако немаме секогаш ист став, сака да нè ислуша. Нашата ситуација денес е многу тешка и сите други пишуваат дека Вучиќ е мал Путин за да го свртат Западот против Србија“, порача српскиот претседател.
„Ќе има голема борба во овие услови. Чекам да го видам одговорот на Путин. Чекам да видам што ќе каже Европската Унија. Мислам дека нема сè одеднаш да укинат, мислам дека ќе ја намалат потрошувачката на енергенси од рускиот извоз. Ако Русија го направи тоа што мислам дека ќе го направи, ќе има чекање на автомобили, што го внесува целиот свет во ужасна економска катастрофа и прашање е кога светот ќе се извлече од тоа. А да не зборуваме за можноста за ширење на конфликтот“, заклучи Вучиќ.