Британски платеник избега од Украина: Русите ги отворија портите на пеколот – Таква огнена моќ не сум видел, мислам дека никој од оваа генерација не ја видел

Еден од првите британски платеници во Украина зборуваше за своите пеколни искуства во Украина.

Поранешниот воен лекар Џејсон Хеј (34), кој двапати служел во Ирак, влегол во престрелка со руските специјалци кои го окупирале аеродромот во Гостомел, а подоцна бил претепан од офицерите на СБУ за време на брутални испрашувања, пишува британски „Сан“.

 

Тој одлетал во Украина на почетокот на февруари, се населил во Киев и контактирал со други платеници.

Џејсон спиел кога пријател го разбудил утрото на почетокот на руската воена операција.

 

„Во далечината, светлата од руското бомбардирање светнаа низ целиот град. Беше сосема надреално“, вели Хеј.

Тој во полна опрема и со АК излегол од станот во центарот на украинската престолнина.

Неговата единица брзо се приклучи на одредот на украинските војници кои тргнаа да го бранат аеродромот Гостомел.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа