Македонија пред банкрот? Сташни бројки објави ДЗС

Во јануари од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 546.045.000 евра што претставува пораст од 3,6 проценти во однос на истиот период лани, а увезена е стока во вредност од 806.610.000 евра што е пораст од 29,3 проценти.

Според податоците објавени денеска од Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит во јануари изнесува 260.565.000 евра, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 67,7 проценти.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони или бродови и фероникелот, а во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и металите од платинската група и нивни легури.

Најмногу во овој период се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа