Засега незабележано – Стејт департментот ги предупредува своите граѓани: Ако одите во Украина, направете тестамент и оставете примерок од ДНК…
Од почетокот на војната во Украина, Стејт департментот издаде различни предупредувања до своите граѓани кои се во Украина и Русија.
Овој пат. се чини отидоа најдалеку досега.
Американскиот Стејт департмент ги советуваше Американците кои одат во Украина да состават тестамент и да достават примероци од нивната ДНК во медицинска установа.
Тие исто така беа поканети да разговараат за старателството над децата, грижата за домашни миленици, сопственоста на имотот и „желбите за погреб“ пред да патуваат со соодветните социјални служби.
(b92)