КИНА: Со проширувањето на НАТО на исток, САД ја испровоцираа војната во Украина – Да објаснат што направија со биолошките лаборатории…

Кинеското Министерство за надворешни работи побара од САД да ги откријат сите информации поврзани со биолабораториите во Украина.

Портпаролот на кинеското одделение за надворешна политика, Жао Лиџијан, изјави дека откако руското Министерство за одбрана во неделата објави дека има докази за воено-биолошка програма која била развиена во Украина, а ја финансирале САД.

„Уште еднаш, ја повикуваме американската страна да ги разјасни своите активности за биолошка милитаризација дома и во странство“, рече тој.

Тој исто така изјави дека ова е само врвот на ледениот брег, бидејќи, според Пекинг, Америка контролира 335 биолошки лаборатории во 30 земји во светот.

Со политиката на проширување на НАТО на исток, САД ја поттикнаа украинската криза

Со својата политика на проширување на НАТО на исток, САД „фрлија огромно дрво во огнот на украинската криза“, изјави на брифингот портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијан.

Лиџијан подвлече дека Кина отсекогаш верувала дека безбедноста на едната страна не може да се обезбеди на сметка на безбедноста на другите земји, а регионалната безбедност не може да се обезбеди на сметка на проширувањето на воените блокови.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа