Спремај се народе!!! Кога поскапуваат горивата поскапува и лебот, млекото и сите други производи

Дефинитивно ова го нарушува животниот стандард на граѓаните, но загрижува и фактот дека овие трошоци ќе се прелеат на крајните производи кои ги користиме, пред се на исхраната. Ваквите состојби беа очекувани имајќи предвид што се случува во Русија и Украина, прашање е зошто владата во изминатиов период не преземаше конкретни мерки или преземаше нешто погрешно, изјави Гордана Кочоска Димитриеска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, за „Тема на денот“ на во дневникот Сител, во врска со најновото поскапување од 5,5 денари на бензините и 10 денари на дизелот.

Димитриеска Кочоска истакна дека ова е загрижувачки затоа што ако владата вака продолжи да се однесува може да има и отпуштања од работа додека не се стабилизираат условите.

– Состојбата ќе станува подраматична и неслучајно еден од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беше намалување на акцизата на нафтата и нафтените деривати за 50%. Секој еден економист ова можеше да го предвиди и да види дека ќе дојде ваква состојба.  Во вакви услови власта требаше да размисли како да ги заштити граѓаните, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека кога станува збор за нафтените деривати, ние имаме стокови резерви, и затоа треба да се тргне од  моментот 5 ноември бидејќи Пендаровски кажа дека оттогаш знаеле дека нешто ќе се случува со Русија и Украина и во тој момент требало да преземат мерки да ги обезбедат стоковите резерви, но изминативе денови нешто не се разговара на таа тема.

– Од агенцијата за стокови резерви информираа дека имаме покриеност за 56 дена иако законскот налага покриеност за 90 дена. Ако власта знаела на 5 ноември и тогаш го имавме буџетот, прашање како може да не размислуваат за овој момент?  Власта не може да ја гледа само својата страна и да прибира пари на терет на граѓаните и во исто време да не се откаже од ништо во корист на граѓаните, изјави Димитриеска Кочоска

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа