НАЈНОВО: СЕ ИСПЛАШИЈА ОД ПУТИН? ЕУ ја одби Украина за земја кандидат – Против гласаа Германија, Холандија и други земји
Германија, Холандија и многу други земји од ЕУ се против давање на Украина кандидатски статус за членство во ЕУ.
За тоа пишува Блумберг, повикувајќи се на свои извори.
Да потсетиме, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, минатиот понеделник објави фотографии и информации дека ја потпишал апликацијата за членство во ЕУ.
„Денеска ја потпишав апликацијата за членство на Украина во Европската унија. Сигурен сум дека е реално“, напиша Зеленски.