СЕГА СИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ОДГОВОРНОСТ! Д-Р ИВО УДОВИЧИЌ КОЈ 2 ГОДИНИ КРЕВАШЕ ПАНИКА ПОТВРДУВА КРАЈ НА KOPОHATA
Командантот на Воената болница Карабурма во Белград, д-р Иво Удовичиќ, истакнат дезинформатор и некој кој му се закануваше на населението со кревање паника, гостуваше во утринската програма на РТС, каде откри дека пациентите во болниците се главно постари, но вакциналниот статус на пациентите реши да го задржи како тајна.
“Сојот Омикрон сега се однесува како вирус на грип кај помладата популација, можете да видите дека помладата популација практично веќе не е во болници, но постарите навистина се однесуваат како да имаат делта сој, им го влошува основното здравје, ги влошува болестите што веќе ги имаат. Станува збор за претежно тешки срцеви, белодробни, бубрежни болни, а освен што доведува до пневмонија, основната состојба им се влошува, па веќе сите се кандидати за интензивна нега. Мојата порака е дека сега треба да ја заштитиме постарата популација.“ – рече Удовичиќ.
Д-р Удовичиќ истакна дека од аспект на здравствените работници, најтежок бил почетокот на пандемијата, кога не се знаело многу за вирусот.
Најтежок е делта бранот
„Гледано од аспект на пациенти, најтежок е делта бранот, навистина имавме многу млади луѓе кои починаа, умреа непотребно само затоа што не беа вакцинирани. Во шок собата кај нас во периодот од август до Нова година на одделението за интензивна нега практично имаше над 40 млади лица, шестмина починаа, ниту еден не беше вакциниран и тоа е најголемото жалење.“
Омикрон е дефинитивно поблаг од претходните соеви, а командирот на ВМЦ Карабурма вели дека овој сој „ќе не спаси од нас самите“. Тој откри и што не очекува на лето, како и дали наесен ќе имаме нов бран епидемии.
„ Се случува она што претпоставувавме, омикрон ќе не спаси од нас самите. Не чека мирно лето, наесен сигурно ќе има скок на новозаболени, есента и зимата сигурно ќе бидат со некои епидемиски бранови, но ќе биде значително помали од претходните две години.“ – заврпува еден од главните пропагатори на пропагандата во соседна Србија.