(Видео) Драма во Бундестагот: Германски пратеник со поддршка за Путин, дојдовте до границата на Русија – што очекувавте?
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија по рускиот напад на Украина одлучила да обезбеди дополнителен фонд од 100 милијарди евра за одбрана. Шолц порача дека Путин сака да ја избрише демократската и независна земја од картата на светот, дека тој нема преку ноќ да ја смени насоката, но дека Москва наскоро ќе почувствува колкава цена ќе плати
Шолц се обрати пред членовите на германскиот Бундестаг на седницата за Украина, а во текот на своето обраќање истакна дека одлучиле да ги зголемат издатоците за одбрана откако Русија ја нападна Украина.
Иако Германија за прв пат по Втората Светска Војна се милитаризира и вооружува, не сите членови на Будестагот размислуваат како германскиот канцелар, а дел од нив и отворено се спротивставуваат и одговорноста за ситуацијата во Украина не ја гледаат само кај Путин туку и на Запад.