ЦЕЛОСЕН КОНФЛИКТ: Русија престанува да им доставува ракети на Американците: „Нека летаат на метли“…

Русија ќе престане да испорачува ракетни мотори за САД, изјави шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, пренесува Спутник на англиски јазик.

„Нека летаат во вселената на метли“, додаде првиот човек на Роскосмос.

„Не само што одбиваме да ги снабдуваме тие мотори (RD-180), туку нема да ги одржуваме постоечките. Станува збор за 24 или повеќе ракетни мотори“, истакна Рогозин.

 

Да потсетиме, руската вселенска агенција Роскосмос во петокот одби да ја лансира следната тура на 36 интернет сателити на компанијата OneWeb, доколку таа компанија не ги исполни барањата на државната агенција.

Шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, посебно нагласи дека ултиматумот е реакција на британските санкции против Русија поради нападот на Украина.

Во соопштението, Роскосмос посочува дека ракетата Сојуз ќе биде отстранета од космодромот Бајконур во Казахстан доколку One Web не ги исполнува следните два услови:

– Владата на ОК мора да го продаде својот удел во таа компанија и

– компанијата мора да гарантира дека сателитите нема да се користат за воени цели.

(b92.net)

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа