Францускиот претседател Емануел Макрон му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека прави голема грешка во Украина.
Макрон, исто така, му рекол на Путин дека се залажува во врска со владата во Киев и дека војната ќе ја чини Русија многу скапо, изјави неименуван француски функционер.
Во телефонскиот разговор на иницијатива на Путин, рускиот лидер ја повторил својата решеност да постигне неутрализација и разоружување на Украина, било преку дипломатија или преку оружје, рече функционерот, пренесе Ројтерс.
„Немаше ништо во она што го кажа претседателот Путин што може да не убеди“, рече советникот на францускиот претседател, додавајќи дека Путин го повторил својот „наратив“ за барање „денационализација на Украина“.
„Се лажете себеси“, му рекол Макрон на Путин, рече функционерот.
„Тоа ќе ја чини вашата земја скапо, вашата земја ќе заврши изолирана, ослабена и под санкции за многу долго време“, му рекол Макрон на Путин.