Дали планираат да ги примат Македонија Албанија и Украина во ЕУ? Емануел Макрон: Војната во Украина означува почеток на нова ера во Европа
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на итен прекин на огнот во Украина во средата вечерта, нагласувајќи дека Франција „не е во војна со Русија“.
Ги поддржуваме сите Руси кои се против војната со Украина“, рече Макрон, обраќајќи и се на нацијата.
Францускиот претседател рече и дека војната во Украина претставува „почеток на нова ера во Европа“, која бара поголема економска и одбранбена независност.
Макрон најави дека ќе разговара за развојот на настаните со лидерите на ЕУ на самитот што ќе се одржи во Версај на 10 и 11 март.
Тој предупреди и на „социјалните и економските последици“ од оваа војна, нагласувајќи дека конфликтите во Украина ќе имаат влијание врз растот на француската економија.
(Франција 24)