Америка ова никогаш нема да му го прости! Неверојатна грешка на Спасовски! Дал тендер од МВР на лице кое е на црната листа на Бајден?

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Александар Николоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, вечерва ексклузивно објави скандал поврзан со безбедносниот систем на Македонија, односно како што рече тој фирма која што е во сопственост на синот на Милорад Додик, а е на црната листа на САД, добила тендер од Министерството за внатрешни работи за набавка на 1500 компјутери, нагласувајќи дека се плаши дека целокупниот безбедносен систем во МВР сега е на тацна на компанија која што е компромитирана.

– Од една страна устата им е полна НАТО, ЕУ, прозападна ориентација, а од друга страна си прават бизнис со луѓе кои што се контра тоа. Јавноста добро знае дека Додик е на црната листа на САД и добро знае дека Алтернативна ТВ која што е во доминантна сопственост на „Поинтерес“ и на „Инфинити“ кои што се директно поврзани со синот на Додик исто така се на црната листа на САД – вели Николоски.

Министерството за внатрешни работи во јануари оваа година додели тендер од милион евра на компанијата Инфините која што е директно поврзана со синот на Милорад Додик и ни помалку ни повеќе за 1500 компјутери што значи дека компанија која што е имплицирана на црната листа сега го снабдува министерството за внатрешни работи со компјутери и на тој начин директно влегува во безбедносниот систем, објасни тој.

Николоски истакна дека оваа компанија откако е на црната листа на САД, има добиено дури три тендери во вредност од  милион и 643 илјади евра во министерството за внатрешни работи, вториот е во министерството за финансии и третиот е во МАРнет кој што ја одржува цела интернет мрежа.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа