Лавров испрати грозоморна порака – Ќе разбере кому му треба: „Трета светска војна ќе биде нуклеарна“
Третата светска војна ќе биде нуклеарна, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој исто така предупреди дека таков конфликт ќе биде катастрофален.
„Руската специјална операција во Украина беше започната со цел да се разоружа сегашниот режим во Киев и да се спречи тој да дојде до нуклеарно оружје“, изјави Лавров во интервју за Ал Џезира, а пренесува руската агенција ТАСС.
„Воената операција во Украина, вклучително и во Киев, има за цел да ја разоружа Украина. „Русија нема да дозволи Украина да добие нуклеарно оружје“, објави Ал Џезира, цитирајќи го Лавров.
„Веќе сме подготвени за втората рунда преговори, но украинската страна ја игра играта по наредба на САД“, рече тој.
Како што истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, преговорите најверојатно ќе се одржат вечерва.
(b92)