Шести ден од почетокот на специјалната воена операција во Украина. Првата рунда преговори меѓу Москва и Киев во Белорусија заврши вчера. Во неделата Путин нареди посебен режим за руските стратешки сили. Борбите во Донбас се уште траат.
Откако Киев ја засили офанзивата против ДНР и ЛНР, Русија, на барање на републиките, ја призна нивната независност и ги ратификуваше договорите за пријателство и соработка. Три дена подоцна, рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на специјална воена операција во регионот.