ГЕРМАНСКИ ПОЛИТИЧАР ГО НАПАЃА ШОЛЦ: „РУСИТЕ ВЕ ПРЕДУПРЕДУВАА ПРЕД 15 ГОДИНИ“

Петр Бистрон, шефот на надворешнополитичката комисија на АфД во Бундестагот, познат по острината во говорот и искреноста, овојпат го прекори германскиот канцелар Олаф Шолц за неговите изјави за ситуацијата во Украина.

 

Неговиот говор го пренесуваме во целост:

– И што постигнавте? Вие сте канцелар на Германија. Рековте дека сферата на влијание е поместена. Чија сфера точно? Тоа што НАТО се пресели до границите на Русија, сферата на влијанието на НАТО стигна до самата граница со Русија. И која е цената на тоа? Сега младите гинат и на украинската и на руската страна. А на геополитички план ја турнавте Русија во рацете на Кина.

– Русија отсекогаш била европски настроена, а сега ја турнавте на страната на Кина. И не смеете да кажете дека никој не ве предупредил. Русите ве предупредија пред 15 години, Путин тогаш држеше говор на истото место во германскиот Бундестаг, а вие сите аплаудиравте. Потоа, во 2007 година, тој предложи заеднички безбедносен план за сите во Европа, но вие рековте не. Пред еден месец германскиот генерал ве предупреди за тоа, а вие го отпуштивте поради тоа. Ги игнориравте сите можни предупредувања и резултатот е војна во Европа, а вие сте подеднакво виновни за тоа.

(Танјуг)

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа