Ослободете ги осудените за 27 Април! Доста е, веке одлежаа доволно

Веќе поминаа 4 години од почетокот на затворските казни на демонстрантите од 27 Април. Не користам терминологија уставобранители затоа што тоа го сметам за обична дпмневска пропаганда и не сметам дека упадот во собранието беше со намера да се брани уставот. Понесени од енергијата, овие лица упаднаа во Собрание и направија, да се изразам нароски беља без да знаат во што точно влагаат. Дел упаднаа по свое идеолошко убедување, дел организирани од ДПМНЕ, дел ги следеа другите, дел ги отворија вратите. Како и да е, се случи тоа што се случи. Сведоци бевме и на беснеење и на тепачки, ама за среќа сето тоа испадна без жртви. Тврдам дека не ги сметам тие лица за невини, ама казна од 14 години за тоа што се случи е надвор од здравиот разум. Веќе 4 години одлежаа и доста е. Најголем дел од осудениците се ликови со многудетни семејства и приврзани идеолошки за историско ВМРО! Не се ни фашисти ниту апаши! Овие лица за разлика од тајкуните и тендерашите кои накалачиле за неколку генерации, нути биле на некоја голема функција, ни пак имаат било какви приходи! Единствена помош им се малкуте донации од дијаспората, симболични суми со кои нивните семејства едвај ги прехрануваат децата и едвај го туркаат месецот. Тој што не згрешил нека го фрли привиот камен, пуштете ги осудените за 27 Април.

Љупчо Маркоски

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа