Шаховската партија на Путин.
Еве како дојде до војната во Украина, онака со факти од вашиот аналитичар Сашо Лазански Тасевски.
1. Во 2014, ЦИА со помош на невладините и тешки манипулации, вадат на улиците на Киев 200.000 луѓе, незадоволни од прорускиот демократски избран лидер Јанукович, за кого гласаа скоро 10 милиони гласачи.
2. Но брзо тие протести стануваат крвави кога платеници на ЦИА отвораат снајперски оган на демонстрантите и нормално за тоа е обвинет Јанукович. Џабе он се обидува да докаже дека украинската полиција не пукала на својот народ. Е У нејќе да го слуша и го обвинува дека е диктатор кој мора да замине. Докажано е подоцна, откако е симнат од власт, дека платеници на ЦИА пукале во народот.
3. САД инсталира свои луѓе во украинската власт. Путин се повлекува зашто знае дека тогаш се уште не е доволно моќен финансиски и воено да започне војна и знае дека нема доволно пари да ја одржи контролата по евентуалниот конфликт.
4. Така ги остава САД да ја преземат Украина преку маринетска влада и да почнат да истураат пари за натоизација на Украина.
5. Но за тоа време, Путин тајно ги помага Русите во Донбас и ги подготвува за она што го планира.
6. САД почнува да гради воени објекти и бази кои имаат цел да спречат возвратена удар, доколку еден ден САД ја нападне Русија со нуклеарки. Путин ова го знае и почнува да го опоменува светот. Знаеме што правите, престанете, тоа нема да го дозволиме.
7. Американците продолжуваат да тераат по свое. Истураат уште пари во натоизација на Украина. Но Украинците ја губат контролата врз Донбас.
8. Путин го повлекува најсериозниот потег, прави референдум во Крим, на кој 95 посто од народот се изјаснува дека сака со Русија.
9. Почнува востанието на Русите од Донбас, откако во Одеса се случува масакрот на 80 Руси кои се живи запалени во еден објект од украински националисти. Украинците се неспособни да воспостават контрола на Донбас со целата американска помош. Се создаваат линии на раздвојување. Украина ја губи целовитоста. И тоа трае со години.
10. Украинците бесни подбуцнати од САД одземаат одредени уставни права на Русите. Се забранува употреба на руски јазик.
11. Америте сфаќаат дека џабе истураат пари ако Украинците не го повратат Донбас и како нецеловити со отцепен Крим зад грбот не можат да ги турат во Нато.
12. И почнуваат да ги притискаат. Заземете го пак Донбас како прв чекор кон ударот на Крим. Им велат, удрете по Русите инаку веќе нема пари од нас
13 Украина распоредува 60 000 војници околу Донбас со намера да нападне.
14. Почнуваат постојани напади на руското население во Донбас. Кои траат и траат
15. Но за тоа време Путин во 2017 го враќа целиот долг на Русија кон надвор уште од советско време и ја става на здрави нозе руската економија и воена машинерија. Конечно е спремен да удри. И удира.
16. Удира жестоко, тогаш кога никој не го зема за сериозно дека ќе удри. Иако им кажува со години, ќе ве удрам берете памет. ЕУ, НаТО и САД се во шок. Првоод тоа што ги удира и второ, од тоа што наместо да удри таму во Донбас, тој презема тотален напад на Украина од повеќе страни иза 60 часа прегазува 70 посто од Украина, стигнува до Киев и Одеса..
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?