Генералниот секретар рече дека обемот на НРФ е тројно зголемен од 2014 година, но дека нема да бидат распоредени сите сили. Тој, исто така, рече дека земјите на НАТО ќе ѝ обезбедат дополнително оружје и системи за противвоздушна одбрана на Украина по барање на нејзината влада.
„Ги распоредуваме (НРФ) за да… спречиме какви било погрешни пресметки, какви било недоразбирања дека не сме подготвени да ги заштитиме и браниме сите наши сојузници“, рече Столтенберг. „Ова е нешто што сите сојузници се согласија да го направат.
Тој додаде дека сојузниците од источното крило се „екстремно загрижени. Тие се блиску до борбите во Украина, а и граничат со Русија, и се сведоци не само на трупањето војска и тековната војна во Украина, туку и на мошне заканувачката реторика, затоа што ова оди многу подалеку од Украина“.
„Рускиот напад врз Украина е повеќе од напад врз Украина. Тоа е катастрофален ужасен напад врз невини луѓе во Украина, но исто така е напад и врз целиот европски безбедносен поредок. И тоа е причината зошто го сфаќаме толку екстремно сериозно“, кажа Столтенберг.