НОВИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ НА СВЕТОТ: Лидерите на Русија и Кина ја потврдија взаемната подготвеност за понатамошна силна координација и взаемна поддршка
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг укажаа дека е недозволиво да се користат нелегитимни санкции за да се постигнат цели кои се во корист на одредени земји, соопшти Кремљ.
„Во таа насока, лидерите ја истакнаа важноста од зајакнување на практичната билатерална соработка, вклучително и договорената за време на средбата на 4 февруари во Пекинг“, се вели во соопштението.
Лидерите на Русија и Кина ја потврдија меѓусебната подготвеност за понатамошна силна координација и взаемна поддршка во Обединетите нации.
„Врз основа на општата оценка за актуелната меѓународна ситуација, потврдена е взаемната подготвеност за понатамошна силна координација и взаемна поддршка во ОН и другите меѓународни платформи“, се вели во соопштението објавено по телефонскиот разговор меѓу Путин и Кси Џинпинг.
Следете ги нашите избрани најдобри вести на нашиот канал „Телеграма“ на телефони со Android преку инсталација на Play Store или десктоп компјутери ТУКА
Според Кремљ, Путин му рекол на Си Џинпинг дека имајќи ги предвид сигналите од Киев, е подготвен да испрати делегација во Минск на преговори со претставниците на Украина.
Рускиот претседател детално го информирал својот кинески колега за причините поради кои одлучил да ги признае Народните републики Доњецк и Луганск и да спроведе специјална воена операција чија цел е „да го заштити населението од геноцид и да обезбеди демилитаризација и денацификација на украинската држава“.