Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Министерството за одбрана да обезбеди одржување на мирот во Народните републики Доњецк и Луганск.
Да потсетиме, на влезот во Доњецк, додека рускиот претседател нашироко објаснуваше зошто ги признава Доњецк и Луганск како независни држави, се појави голем воен конвој автобуси полни со војници и тенкови.
Тогаш не се знаеше кому припаѓа оваа формација, но со оглед на актуелните случувања, претпоставката е јасна.