„ЈАС НЕ СУМ ГРК, ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ” – 1974 г.
Американскиот весник „Акрон бикон журнал“ известува за смртта на Ник Јанко – македонски бизнисмен и сопственик на неколку кафеани во САД. Тој починал во 1974., на возраст од 75 години.
Во веста се наведува дека тој се родил во 1899 година, во Скопје, Македонија. Го нарекувале „Гркот”, но тој секој пат протестирал и истакнувал оти по националност е Македонец.
ИЗВОР: “Akron Beacon Journal”, 22 февруари, 1974 г. ——-/

Related Posts