Со други зборови

(ФОТО) СЕ ПОЈАВИ ДОСЕГА НЕ ОБЈАВЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ СО НЕГОВАТА ВЕРЕНИЦА

Како што се гледа, на фотографијата (која на некои места е малку оштетена, главно поради прекршување, но сепак е јасно видлива) има шест личности од кои две седат, а четири стојат.

 

Прва од десно на фотографијата е Јустинијана (Јанка) Каневчева – вереницата на Гоце Делчев. Веднаш до неа е самиот Гоце Делчев.

 

Пред нив седат родителите на Гоце: таткото Никола и мајката Султана.

 

Лево од Султана стои млад маж, а меѓу Султана и Никола стои млада жена. Во продолжение ќе ги анализираме ликовите поединечно.

Да се открие досега непозната и необјавена фотографија од најголемиот и најславен македонски револуционер, апостолот на македонското револуционерно движење и идол на Македонскиот народ Гоце Делчев, несомнено е едно од најголемите историски  откритија на македонската историска наука во поново време. Покровител на ова истражување e Зоран Чулчески – Чулче од Холандија во чест на своите родители Васкресија (84 г.) и Васил Чулчески (87 г.), македонски патриоти од Охрид. Воедно Зоран Чулчески – Чулче е и главен покровител и спонзор на документарната серија „Потомците на Александар Велики Македонски“, чиј комплетен автор е Александар Донски, која во моментов се снима на англиски и на македонски јазик и во која ќе бидат објавени бројни докази за етно-културните врски помеѓу античките и денешните Македонци.

А сега да се вратиме на фотографијата и на доказите за етничкото потекло на Гоце Делчев. Сопственик на фотографијата денес е Јордан Симоновски (род. 1947), познат штипски фотограф, снимател и хроничар, еден од основачите на најпознатото фото студио во Штип и пошироко во втората половина на XX век, студиото „Фото Трајче“. Фотографијата со децении стоела во нивната семејна архива заедно со десетици илјади други фотографии од подамнешно и поново време. Кога снимав документарна емисија за Јордан Симоновски, за време на прегледувањето на неговите фотографии наидов и на оваа фотографија, која ме заинтересира и по нејзиното проучување и анализа сфатив дека пред мене се наоѓа фотографија од извонрено историско значење. Упатувам голема благодарност до Јордан Симоновски, кој овозможи објавување на оваа бесценета фотографија.

You might also like