Со други зборови

„РУСКАТА НУКЛЕАРНА ТРИЈАДА ВО ВИСОКА борбена подготвеност“ Шојгу ја објави пеколната задача на Путин да продолжи со Специјалната воена операција во Украина

Сергеј Шојгу и Владимир Путин
Дали Русија е подготвена наскоро да го прекине воениот конфликт со Украина?

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека руските сили ќе продолжат доследно да ги постигнуваат целите на „специјалната воена операција“ во Украина.

 

Шојгу, на состанокот на военото раководство, рече дека Украина минатата година изгубила повеќе од 215.000 војници и 28.000 парчиња опрема , пренесе ТАСС.

 

– Стратешката иницијатива ја одржуваме по целата линија на фронтот – посочи Шојгу.

 

Тој додаде дека во исто време, украинските војници ги исцрпуваат своите ресурси, а нема резултати на бојното поле .

 

Шојгу нагласи дека опремувањето на руската армија и морнарица со најсовремени оружја, вклучително и оружје базирано на технологии за вештачка интелигенција, ќе продолжи.

 

– Одржувањето на руската нуклеарна тријада во висока борбена готовност е една од клучните задачи што му ги додели на Министерството за одбрана рускиот претседател Владимир Путин – рече Шојгу.

 

Тој најави дека Министерството за одбрана на Русија ќе го зголеми снабдувањето на армијата со најпотребното оружје , а особено ќе започне масовно производство на широк спектар на беспилотни летала.

You might also like