Со други зборови

„РУСИЈА ТРПЕЛА СЕРИОЗНА ШТЕТА“ Британците презентираа неверојатни податоци во најновиот извештај од Украина

Експлозиите на воениот аеродром Саки, на западот на Крим, кои предизвикаа загуба на осум руски борбени авиони оваа недела, предизвикаа значителна штета на авијацијата на руската Црноморска флота, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Додека оштетените авиони претставуваат само дел од вкупната авијациска флота, Британија вели дека инцидентот ќе има влијание врз капацитетите на Русија во Црното Море , бидејќи аеродромот Саки се користи како примарна оперативна база, пренесува Ројтерс.

Основниот аеродром најверојатно остана оперативен, но областа до пистата претрпе сериозни оштетувања, додаде Министерството за одбрана во редовниот разузнавачки билтен на Твитер.

Експлозиите, во кои, според руското соопштение, едно лице загина, а пет беа повредени, ќе ја поттикнат нејзината армија да ја ревидира својата позиција за можните закани во регионот , соопшти британското Министерство.

You might also like