ПУТИН ИМЕНУВАШЕ НОВ КОМАНДАН ЗА УКРАИНА „Брутален генерал дури и според стандардите на руската армија“ (ФОТО)
Од 24 јуни, Суровикин командуваше со Јужната група руски трупи во „зоната за специјална операција“ во Украина.
Претходно командуваше со руска група во Сирија, а учествуваше и во втората чеченска војна.
Суровикин беше назначен за командант на руските воздушни сили во ноември 2017 година.
Претходно, од октомври 2013 година, тој командуваше со трупите на Источниот воен округ.
„Тој е озлогласено корумпиран и брутален генерал дури и според стандардите на руската војска“, тврди британското Министерство за одбрана.