Related Posts
Пред два дена урлање за тоа дека на децата треба да им се даваат светли примери да следат за да не забегаат
Вчера куп родители на Саемот на книгата сликани со онаа пола златари во Европа што ги ограби.
Зошто бе родители?
Од каде таа потреба да се сликате со кримоси?
Што не се сликате со мене? Ем појше книги имам напишано од неа. Ем подобро пишувам стопати. Кој не прочитал моја книга нека не мисли се фалам. И онака моите книги се одамна распродадени па ова не е ни реклама за нив. Нема.
Ама не сум пљачкал златари и сум клошар, бивш аеродромец, па не сум интересен. Што има везе како пишувам и што пишувам.
Да не ме сфатите погрешно. Ме заболе ако не се сликаме заедно.
Ама со неа тоа лигавење во кадарот?
Па после децата биле пореметени?
Психопатолошко однесување во психопатолошка средина. Ете децата од кого учат.
И се надевате дека нема да дојде до масовно стрелање во некое школо, на пазар или во банка.
Не се надевајте. Прашање на време е. И на нечија инспирација.