Со други зборови

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ЗА НАРОДОТ ОД ВЛАДАТА НА СДСМ И ДУИ? ЌЕ ПОСКАПУВА СТРУЈАТА И ПАРНОТО….

 

Македонија нема да се откаже од барањата за ослободување на капацитетите за гас, порача премиерот Ковачевски. Не ја исклучува ниту можноста правдата да се бара и пред меѓународните судови. Тој додаде дека со таксата наметната од Бугарија, не само што ќе поскапи парното, туку ќе поскапи и струјата за 20 проценти.

 

„Нема да се откажеме да бараме ослободување на капацитетите и нема да се откажеме да бараме таа такса да не важи, затоа што се работи за неправедно наметната такса која што нема ништо со пазарни принципи и која што нема ништо заедничко со директивите на ЕУ. И ако треба тоа ќе го направиме и пред меѓународни судови“ рече Ковачевски.

You might also like