Никола ДИмитров жестоко до СДСМ! Нема да ме замолчите! Ќе завршите на суд! Ќе кажам се и за корупцијата
Related Posts
ДЕМАНТ
Најостро ги демантирам наводите во мкденес.мк, портал без импресум, кој се повикува на неименувани извори од СДСМ дека сум влегол во бизнисот со градежништво и изградба на згради низ Скопје.
Ова е апсолутна и груба лага и доколку не добијам извинување веднаш, ќе се видиме на суд.
До тие кои работат во овој портал порачувам дека барем јас сум секогаш достапен за јавноста и наместо да дозволат да бидат маша во рацете на валкани центри и да газат една благородна професија како новинарството, можат да се јават и да побараат изјава, дури и кога се работи за очигледни небулози и црна кампања.
Е сега, една порака и за “изворите од СДСМ” кои очекував да се појават и допрва сигурно ќе се појавуваат:
Нема метод со којшто може да ме замолчите!
Еднаш кажав – за нештата што ми се важни, во животот и во политиката – нема пуштање, по ниедна цена!
Кога се работи за корупција, пак – сте го нашле човекот – па вие најдобро знаете кој е овде единствен (или ајде меѓу ретките) политичар без ниту еден отворен судски процес или индиции за злоупотреби.
На таа тема можете само да си направите беља.
Методите со кои се служите си говорат за нивото на демократија и зрелост на вашата партија и тоа си е ваш проблем. А богами и за несигурноста во сопствените ставови.
Но, кога овие методи доаѓаат од власта за пресметка со неистомисленици, стануваат и општествен проблем, којшто ќе треба прецизно да се адресира секаде каде треба.