Нема толку угнетен народ како што се Македонците! РАСПАРЧУВАЊЕTO НА МАКЕДОНИЈА Е СПРОТВНО НА ПРАВДАТА И СЛОБОДАТА тврди еден од најбознатите англиски писатели

ХЕНРИ НЕВИНСОН: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈУГНЕТЕН ОД СИТЕ НАРОДИ, РАСПАРЧУВАЊЕTO НА МАКЕДОНИЈА Е СПРОТВНО НА ПРАВДАТА И СЛОБОДАТА
Хенри Вуд Невинсон (1856 – 1941) е еден од најзначајните писатели и новинари во современата историја на Обединетото Кралство. Дипломирал на Универзитетот на Оксфорд и покажал голем интерес за геополитичките и интелектуалните текови во светот.
Aвтор e на над 50 дела, меѓу коишто и: „Битката аа Дарданелите“, „Новиот дух во Индија“, „Збогум Америка“,„Модерното ропство“, „Зора во Русија или Cцени од руската револуција“, „Помеѓу војните“, и други.
Работел како новинар за весниците „Дејли кроникл“ (Daily Chronicle), „Манчестер гардијан“ (Manchester Guardian) и за часописот „Харперс мантли“ (Harper’s Monthly Magazine). Во 1897 г. известувал за грчко-турската војна, за Втората боерска војна во Jужна Африка, за современите форми на ропство во Ангола, како и за политичките промени во Индија. Бил воен дописник во Првата светска војна и ранет за време на битката кај Галиполе.
Related Posts
Иако поретко пишувал за ситуацијата на Балканот, Невинсон бил добар познавач на настаните во регионот и во неколку наврати бил со-автор/уредник на книги и текстови, како на пример „Слики од класични грчки пејзажи и архитектура“.
Прашан за ситуацијата во и околу Македонија во втората половина на 1920-тите години, во време на тнp. „бел терор“ со цел да се асимилира или уништи Македонскиот народ под окупација на Грција, Бугарија, Србија и Албанија, по насилната поделба на Македонија во 1913 г., Невинсон меѓу другото напишал:
– „Сегашното распарчување на Македнија е спротивно на правдата и на слободата и претставува постојана опасност за мирот. Денешните балкански влади не ги почитуваат правата на етничките малцинства. Македонците се најугнетени од сите угнетени народи.“
Невинсон се застапувал за создавање „балканска федерација“ како решение за мирно разрешување на ситуацијата во регионот. Hо, тoj сметал дека нејзиното остварување би билo исклучително тешко во дадените услови на потпалување меѓуетничка омраза од страна на споменатите режими во соседството, иако не и невозможно.
Слава му!