Тој во интервју за „Дер Шпигел“ рече дека нема колективни обврски што би значеле „дека сите ќе и помогнеме на Украина да се одбрани“ .
– Во никој случај не сакаме НАТО директно да учествува во оваа војна – рече Кениг, како одговор на коментарот дека претседателот Владимир Зеленски постојано барал помош.
Според дипломатот, во спротивно „може да започне голема војна во која ќе бидат вклучени 30 земји одеднаш“ .
Истовремено, тој истакна дека Алијансата секојдневно разговара за конфликтот во Украина. Покрај тоа, некои земји-членки на организацијата му даваат финансиска помош на Киев и снабдуваат оружје.