Со други зборови

Кој кого сега измислил! Австроунгарскиот цар Леополд во 17Век го ставил под заштита македонскиот народ и издал повелба со која не ословува како македонци

❗На денешен ден пред 335 години (26 април 1690 г.) во Виена била издадена Привилегијата од царот на Светото Римско Царство и австро-унгарски цар Леополд I Хабзбургошки (1640-1705) до македонскиот народ, со која го зел под своја заштита во период кога Македонија била под османлиска управа.
Документот е потврда за македонската посебност од крајот на 17 век и се наоѓа во Државниот архив во Виена.

Реконструкција и реплика од Привилегијата е изработена од македонскиот краснописец и професор по христијанска палеографија од Европската христијанска академија од Рига, Георги Гоце Дуртаноски кој заедно со Музејот на македонската борба за самостојност и во соработка со државните архиви од Виена и Скопје работат на негова презентација на македонската поширока јавност во блиска иднина.
Музејот на македонската борба за самостојност ја поздравува иницијативата за поблиска соработка меѓу двете сродни институции од Виена и Скопје и можноста да понудат уникатно преставување на ваков вид на документ(и), значајни за македонската историја.
Ваков вид на документи (привилегии) за време на владеењето на Леополд I Хабзбургошки биле издавани на сите балкански народи поради политичкиот интерес на Австро-Унгарија за влијание на Балканскиот полуостров, кој тогаш бил во политичките граници на Османлиската империја.
You might also like