Со други зборови

КАВАДАРЕЧКО ЛЕЖИ НА БОГАТ МИНЕРАЛ, ШТО СЕ ЗНАЕ ЗА РУДНИКОТ МАЈДЕН

На планината Кожуф, крај селото Мајден, кавадаречко, мештаните од памтивек црпеле бел минерал со којшто ги переле алиштата и ги миеле садовите.
Со тој минерал во прав којшто уште го има во неограничени количини биле чистени и сите простории по куќите.
За рудникот во Мајден, од античко време, кружи тајна не помала од тајната на универзумот и го чува одговорот на силата на сонцето. Рудникот има осум влезови, од кои два минуваат низ ходниците што се протегаат до 6 километри и имаат патеки со кобалт –камен.
Во рудникот во Мајден за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Денешното име на рудникот Алшар е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20 век: Алатини, француско банкарско семејство и Шарто, рударскиот инженер.
Во 1986 година, тогашната југословенска власт го почнала проектот „Лорекс“, во кој биле вклучени десетина научни институции од Словенија, Хрватска и Македонија. По распадот на СФРЈ, сите активности околу рудникот се запрени.
Кој треба да се збогати? (с.с Енигмите во Македонија)
All reactions:

Лидија Македонска, Sinela Garevska and 16 others

1 comment
5 shares
Like

Comment
Share
You might also like