
И покрај тоа што, според тврдењето на власти на Северна Македонија, станува збор за „безопасна“ испорака на застарена опрема, факт е дека во поданичкиот јуриш кон НАТО (пред сè) Скопје учествува на пумпање оружје на Украина, со што придонесува за продолжувањето на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои се колнат во демократија, слобода и човекови права, треба да знаат за тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Северна Македонија.