Емануел Чучков: Македонија е местото каде се развила најстарата цивилизација во светот!ИМПЕРИЈА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ; ИЛИНДЕН Е НАЦИОНАЛНА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ, 1945 г.: МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИИ, ИМПЕРИЈА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ; ИЛИНДЕН Е НАЦИОНАЛНА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Емануел Чучков е македонски интелектуалец, професор и политичар, потомок на ВМРО-револуционерот Ефрем Чучков, кој пак, му бил соборец на Гоце Делчев. На 10 октомври 1945 г. во хрватски „Вјесник“ излегува негов напис насловен „Македонија и Македонците” во којшто тој прави сеопфатен преглед на македонската историја и култура.
Чучков почнува од најстарите времиња – од македонската антика, со Александар Македонски и Св. Апостол Павле, раскажува и за тн. преселување на Словените, делото на Св. Кирил и Методиј, Самоиловата Држава, Охридската архиепископија, пpoдолжува со ВМРО и Илинденската епопеја, co насилната поделба на Македонија и сѐ до својата современост и борбата за национална слобода и територијално обединување на Македонија. Следат најважните делови од статијата:
– „Македонија е едно од оние малубројни катчиња на брегот на Медитеранот, каде што се развила најстарата цивилизација и култура. Само два народа на бреговите на ова море успеале да создадат големи светски империи: Царството на Александар Македонски и империјата на римските цезари. Далеку сме од помислата токму со овој факт да ја засилиме важноста на оваа наша покраина, но тој факт непобитно ни зборува дека Македонија некогаш била во средиштето на вниманието на тогашниот свет и тој факт е еден од многубројните извори од коишто е изникната многу богатата традиција на оваа земја што во своето време им го матела умот на сите покренати народи. Бездруго не е таков случајот, како што не е случајно ни што апостолот Павле го одбрал Солун како отскочна даска за ширење на христијанството во тогашната варварска Европа.
…Проф. Кацаров (Гаврил, з.п.), тврди дека само македонските Словени се одликуваат со таа особина за отпорност, борбеност, цврстина на карактерот и државнички талент, нешто што веројатно го наследиле од Старо-Македонците на Александар Велики.
…На Илинден 1903 г. гореше востание во западна Македонија, кое беше крвав одговор на сите кои го оспорувале правото на македонскиот народ да живее национално слободен. После тримесечна борба востанието е задушено, но во историјата на македонскиот народ остана како величествена национална епопеја.
…Балканската војна е најголемата трагедија на Македонија во новата историја – трагедија којашто најави за борбените Македонци уште една борбена парола, а тоа е борбата – не само за национална слобода туку и за национално обединување.”
ИЗВОР: „Vjesnik Narodnog Fronta Hrvatske”, Broj 147, Zagreb, srijeda, 10 listopada, 1945, str. 1-2. —–/

Related Posts
Сите реакции:
Stojan Lazarov, Marjan Trajkovski и 85 други