Со други зборови

Еве кои знаци му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар

Во поголем дел од случаите срцевите удари се поврзуваат со затнување на артериите поради атеротромбоза, состојба во која крвните згрутчувања го блокираат протокот на крв до срцето. Сепак, значајно е сознанието дека кај повеќето жени, причината за инфаркт не била атеротромбоза.

Еве кои знаци му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
Magnific

Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење.

Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 отсто од сите кардиоваскуларни удари забележани во долгогодишното истражување објавено во 2025 година. Дури и кај жени помлади од 60 години, кои се сметаат за популација со најнизок ризик од кардиоваскуларни заболувања, повеќе од 95 отсто од случаите на срцев или мозочен удар биле поврзани со еден од овие фактори, објави „Сајенс алерт“(„Science Alert“). Најчест ризик фактор бил покачениот крвен притисок.

Во САД и Јужна Кореја, повеќе од 93 отсто од луѓето кои доживеале срцев удар, мозочен удар или срцева слабост претходно имале дијагностицирана хипертензија. Земајќи ги предвид таквите резултати, контролирањето на крвниот притисок може да биде значајно за спречување на сериозни кардиоваскуларни заболувања во иднина.

– Сметаме дека студијата многу убедливо покажува дека изложеноста на еден или повеќе неоптимални фактори на ризик пред појавата на овие кардиоваскуларни удари е речиси 100 отсто. Мора да биде вложен поголем напор во контролата на овие ризик фактори врз кои можеме да влијаеме, наместо вниманието да го насочуваме кон други знаци кои тешко се лекуваат и кои не се причински поврзани, изјави главниот автор на студијата и кардиолог Филип Гренланд од Универзитетот Нортвестерн, по објавувањето на резултатите.

You might also like