Related Posts
Да не се лажете од зборовите на Таче дека со Таравари биле на иста линија за “стратешко партнерство со САД” или за “европскиот пат”, или небулозата “носење на реформски закони во Собранието” (а каде инаку би се носеле?), особено што “стратешкото” е документирано со потпис на А.Милошоски и К.Рајс од 7 мај 2008 година.
Тоа им е целосно неважно. Брутално, се работи за тоа колку нови илјади работни места ќе треба да се отворат во администрацијата за да Таравари го задоволи членството.
Така што, не се работи за “балансот” во министерски места, туку во додатното оптеретување на администрацијата, буџетот, платите.
Тоа е зад играта и затоа Таравари реши да му “гланца” кондури на Али, за да не трча тој за секој закон до Собрание.
И можеби еден подарен имот, како повод?