![✅]()
После четири години во економската зона ТИРЗ-Алинци во близина на Прилеп, се отвора нова инвестиција на компанијата ВИК-Македонија. Во присуство на претставници на бордот на директори на компанијата, генералниот директор на фабриката во Прилеп, претставници на стопанските комори на Македонија и Германија и претставници на германската амбасада ја истакнав важноста на една ваква значајна странска инвестиција, која што значително придонесува за локален економски развој на општина Прилеп.

Овој погон ќе овозможи нови работни места, ќе ја раздвижи локалната економија, ќе овозможи голем број млади луѓе овде да ја најдат својата егзистенција и да останат во Македонија и во Прилеп, што би ми било посебно драго и како човек, и како градоначалник.
![☝️]()
Целта на ваквите инвестиции е преку взаемна соработка да продолжиме да работиме кон обезбедување на нови работни места и нови можности за поквалитетен живот на нашите граѓани. А ние како Локална самоуправа се обврзуваме да бидеме партнери на бизнисот, да им излегуваме во пресрет на стопанствениците за нивните развојни планови и да ја негуваме добрата бизнис клима!

Ќе работиме на инфраструктурно доуредување на индустриските зони во насока да обезбедиме услови и можности за поквалитетна работа на ТИРЗ зоните, и во промоција, за присуство на идните странски инвеститори, тука, во слободните економски зони, во Прилеп.