Тој наведува дека во тој случај мобилизацијата во Русија нема да биде како во Украина.
– Ги мобилизираме само оние луѓе чии раце добро знаат што е оружје – изјави Баранец за ТВ Царград.
Вели и дека сега не е време за кафеана.
– Војната е речиси на прагот – рече Баранец.
За потсетување, претседателот на Русија Владимир Путин пред четири дена најави делумна мобилизација во Русија. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека делумната мобилизација што ја најави Путин се однесува на луѓе со воено искуство и најави дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.