Со други зборови

„ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА И ЕУ ИМА НУКЛЕАРНИ централи“ Медведев му се закани на Западот: и таму може да се случат несреќи

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев испрати порака до западните сојузници на Украина кои ја обвинија Русија дека создава ризик од нуклеарна катастрофа со стационирање на сили околу украинската централа Запорожје.

Украина ја обвини Русија дека пукала врз украинските градови од таа локација знаејќи дека украинските сили не можат да возвратат на оган, пишува Ројтерс.

– Тие (Киев и неговите сојузници) велат дека тоа е Русија. Очигледно е 100% глупост, дури и за глупавата русофобична јавност – напиша Медведев на својот канал Телеграм.

– Велат дека тоа се случува чисто случајно, како „Не сакавме“, додаде тој. „Што да кажам? Да не заборавиме дека и Европската унија има нуклеарни централи. И таму може да се случат несреќи – рече тој. 

 

You might also like