Со други зборови

Ван ден Берг: Многу ми е жал за Ковачевски – прво Рама го исмева, па Ахмети му кажува што да рече

Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, почнал да чувствува жал за премиерот Димитар Ковачевски по суфлирањето од Али Ахмети пред новинарите и коалициските партнери од Владата.

„Почнувам да го жалам премиерот Ковачевски, откако прво беше исмеан, повторно, од премиерот на Албанија, Рама (‘Црна Гора’/’идна Западна Бугарија’), а сега и од Али Ахмети. Ова не е како Заев да го коригира својот колега министер за употреба на името на државата, туку неминистер му кажува на премиерот што да каже“, коментира директорот на БИП на Твитер.

You might also like