Апологетот на СДС и колумнистот на провладината ударна пропаганда Цивил смета дека треба да заборавиме на масакрот во Ваташа и на убиството на децата
Related Posts
Есемес до граѓаните
Не, Стево, нема тука никаква почит, твојот гест е вознемирување на ваташките младинци, поклонот ти е политичка демонстрација, венецот е есемес до граѓаните на Македонија и до политичарите во Бугарија, демек никогаш нема да го заборавиме злото на бугарските фашисти.
Може и така, се разбира.
Но, јас мислам дека повеќе треба да се трудиме да забораваме, отколку да не забораваме, тоа што јас го предлагам е потешко, бара поголем напор на духот, напор со кој ќе го потиснуваме трагичното минато во спомените, зашто незаборавот е трауматична и, потенцијално опасна работа, палидевце од кое прво гори душата, а потоа и телото.
Сите тела, се живо.
На општа штета на сите.
Јас мислам дека да можел да стане некој од убиените, би ти го рекол ова што го пишувам јас.


