Со други зборови

Ако мојата љубов кон Македонија е македонски национализам, тогаш да, националиста сум. И не сакам ни една земја на овај свет повеќе од Македонија, и не сакам ни еден народ на овај свет повеќе од мојот народ, Македонскиот

Пази ова 🙂
Комуњара, во една од агенциите за безбедност ми отворила досие со кое ме терети за “Македонски национализам”. Помеѓу неколкутемина што се под присмотра за на 4ти февруари во сабота сум и јас. Спремни биле и без никаква провокација да има од наша страна, да не соберат и да не притворат.
Ако мојата љубов кон Македонија е македонски национализам, тогаш да, националиста сум. И не сакам ни една земја на овај свет повеќе од Македонија, и не сакам ни еден народ на овај свет повеќе од мојот народ, Македонскиот. Така да тука душата ми е чиста пред Бога, а вие секто комуњарска може да лаете колку сакате.
А во врска со чествувањево во сабота…
Зар мислите дека некој ќе седи со скрстени раце додека чужни луѓе од други земји душмански, дојдени во наш двор, плукаат по Македонците, Македонија и додека го сквернават гробот на Гоце?
Се гледаме во сабота, вие со вашата должност, ние со нашата. Вие како одродени од својот род и како слуги на туѓите интереси, ние како народ што нема повеќе што да изгуби.
Гоце е последната црвена линија. Ако го нема Гоце, ја нема и Македонија.
Се гледаме!
Да живее Република Македонија!
Кристијан Јандриовски
You might also like