Со други зборови

АБАЗИ И КОЛАРЕВИЌ НАМЕРНО ГИ ИСПУШТИЛЕ РЕВИЗОРСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА СЛУЧАЈОТ „МАЗУТ” Во нив е утврдена штетноста на мазутот набавен за „ТЕЦ Неготино“

Државниот завод за ревизија во 2024 година утврдил дека при оваа милионска набавка се испорачувал мазут од различен добавувач од оној којшто бил утврден во договорот на ЕСМ, ТЕЦ Неготино и добавувачот и второ, стручни лица од ЕСМ утврдиле дека мазутот бил со голем број на нечистотии коишто предизвикувале дефекти во мазутната станица на ТЕЦ Неготино – рече Милошоски.

 

За донесување на скандалозната одлука за запирање на истрагата за мазутот вреден 167 милиони евра, функционирал тандем обвинители Абази-Коларевиќ, коишто се нешто како коалиција ДУИ-СДСМ, но не во собраниските клупи, туку во обвинителството за криминал и корупција – обвини денеска на прес-конференција Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дури и во прибирањето на докази можевме да забележиме дека овие обвинители биле селективни. Со вчерашниот демант на ЕСМ станува јасно дека обвинителите Абази и Коларевиќ повеќе се занимавале со земање на изјави од некомпетентни лица наместо да истражуваат сериозно и да обезбедат докази за оваа набавка на мазут скапа 167 милиони евра – рече Милошоски.

Тој додаде дека може да се заклучи дека обвинителите биле селективни и воопшто не ги прочитале извештаите на релевантните органи како што се Државниот завод за ревизија и слични на нив.

– Државниот завод за ревизија во 2024 година утврдил дека при оваа милионска набавка се испорачувал мазут од различен добавувач од оној којшто бил утврден во договорот на ЕСМ, ТЕЦ Неготино и добавувачот и второ, стручни лица од ЕСМ утврдиле дека мазутот бил со голем број на нечистотии коишто предизвикувале дефекти во мазутната станица на ТЕЦ Неготино.

You might also like