Со други зборови

Студентскиот дом “Кочо Рацин” во Битола ги очекува бруцошите! Останува уште еден ден за аплицирање

Конкурсот за прием на студенти од прва година во студентскиот дом во Битола влегува во својата финална фаза. На располагање се оставени 77 слободни места кои се наменети исклучиво за бруцоши, а рокот за аплицирање е уште еден ден.

Од управата на домот упатуваат итен апел до сите новозапишани студенти кои сè уште не аплицирале, во најкраток рок да ја поднесат потребната документација преку електронскиот систем на МОН за да ја искористат оваа последна можност за обезбедување  поволно сместување за новата академска година.

Право на аплицирање на овој завршен дел од конкурсот имаат исклучиво редовните студенти од прва година запишани на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

You might also like