
Државниот студентски дом „Кочо Рацин“ уште еднаш докажа дека покрај врвните академски успеси, ги има и најдобрите спортисти меѓу студентската младина. На традиционалната Домијада, која годинава се одржа во прекрасниот амбиент на комплекс-хотелот „Десарет“ во Охрид, студентите од „Кочо Рацин“ буквално доминираа на спортските терени и со гордост го подигнаа пехарот за севкупни победници.
Студентите се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини каде прикажаа квалитетна игра во колективните спортови и максимален фокус во поединечните натпревари, со што заслужено ги „собраа“ медалите на овогодинешното издание на Домијадата.
Домијадата и годинава се покажа како одлична платформа за фер-плеј, дружење и градење пријателства меѓу студентите.
Од раководството на домот упатија јавни честитки до сите студенти кои зедоа учество, истакнувајќи дека тие се најдобрите амбасадори на институцијата и пример за тоа како со срце се бранат боите на својот студентски дом.