Реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во јавниот сектор и зајакнувањето на административните капацитети беа централна тема на разговор на денешната протоколарна средба на министерот за јавна администрација, Горан Минчев со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер.

Средбата, информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација, се одржала во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави, со фокус на унапредување на институционалната соработка и поддршка на реформските процеси. Соговорниците ги истакнале постигнатите резултати во имплементацијата на Заедничката рамка за оценување (CAF) и важноста од нејзина натамошна системска примена како алатка за подобри институционални перформанси и поголема отчетност.